Постапка на испитување прилагодени според потребите на клиентите
Лабораторија за метали, механички испитувања и микроскопија
Механички и микроскопски испитувања вршиме според важечки словенечки и маѓународни стандарди. Постапката на испитување ја прилагодуваме спорд потребите на клиентите. Некои стандардни постапки се акредитирани од страна на Словенечката акредитација според стандардот SIST EN ISO / IEC 17025 (обем на акредитација).
Испитувања за метали, механички микроскопски и хемиски испитувања.
Дејност на лабораторијата за метали, механички испитувања и микроскопија
Услуги
- оцена на квалитет на метални материјали и производа според барањата на клиентите или меѓународните стандарди,
- оцена на усогласеноста на материјалите со сертификатите, идентификација на материјалите, совети за избор на
- одговарачки материјал според бараните особини на производот, анализа на грешка и причина за оштетување на
- метални производи, совети за термичка обработка на металите.
Механички испитувања вршиме на метални и полимерни материјали и производи:
- испитување на затегања на металот,
- испитување затегања на полимери ,
- испитување совитливост на полимери,
- испитување на притисок ,
- тврдина по Brinell, Rockwell i Vickers,
- длабина на површински зацврстен слој,
- длабоко извлекување на лим според Erichsenu,
- испитување на штрафови, матици, подлошки, врзни елементи,
- ударна жилавост на примерок за испитување на полимери (Charpy, Izod),
- испитување на виткање и ударно виткање на производи (Dynstat),
- испитување на лепливи траки,етикети, лепење на фолии на ламинати
- мерење димензии.
Микроскопски испитувања
- Микроскопски испитувања вршиме на метални и неметални производи :
- макро и микро испитувања на метали и легури,
- металографија-квалитативна и квантитативна анализа,
- длабина на површински зацврснат слој (од структура),
- микроскопско испитување на метали и легури
- микроскопско испитување на печатени плочи,
- идентификација на грешка, мерење дебелина на заштитни премази (деструктивна – микроскопија и недеструктивна – магнетна (Eddy струја)),
- микрофотографски услуги.
Техничка чистота
- Вршиме анализа на техничка чистота на материјалот, прототипови, полупроизводи и производи:
- одредување маса, големина и видови честички (метални и неметални),
- класификација на честички спрема класата на големина (над 50 µm) во тип.
Лабораторија за метали, механички испитувања и микроскопија
naprave_lab za povrsinsko zascito
naprava-za-preskus-udarne-zilavosti