Промени на својствата на ABS материјали под влијание на вештачко стареење
22. 07. 2022
Проблем
Произведувач на разладна техника во своите производи вградува 4 различни ABS пластични материјали. Истражувавме зошто после неколку години во некои фрижидер настануваат пукнатини на делови од ABS материјали.
Методологија
Бидејќи повеќето погодени пластични делови се на видливи делови на фрижидерот, претпоставивме дека кртоста на ABS материјалите е последица од редовно чистење на фрижидерот.
Од сите четири примероци ABS материјал, направени се стандардни примероци за испитување според m ISO 527-2/1A и поставени се на следните услови пред изведување на тестот на затегање :
- Без додатно излагање пред испитување
- 24-часовно излагање на примероци за испитување во 6 најчести средства кои се користат за чистење на разладна техника + преднапрегната состојба.
Се одлучивме за излагање на средствата за чистење и состојба на преднапрегнато совивање, бидејќи некои пластични елементи во производот се монтирани во преднапрегната состојба.
Резултати
Сите четири испитувани пластични материјали амаа сличен одговор на испитните услови.Во табела 2 прикажани се резултатите за еден материјал. Резултатите во табелата покажуваат колку е различно дејството на средствата за чистење на ABS материјалот. Кога се изложени CIF, FROSCH i AJAKS во текот на 24 часа, механичките својства на материјалите не се менуваат или минимално се менуваат. Кога ќе се изложат 24 часа HOLLU LM, V5, HOLLU F9, доаѓа до промена на издолжување при прекинувањето.
Ќе претпоставиме дека резултатите при 24-часовно излагање на медиуми во преднапреганат состојба ќе бидат слични само разликите ќе бидат очигледни, но тоа не е случај. Механичките својства нагло се влошуваат кај примероци изложени на HOLLU LM i HOLLU F9. При излагањето на CIF i AJAKS, дојде до значајно смалување на издолжување на руптурата.Тоа значи дека материјалот ја задржал својата затезна цврстина, но постанал многу покрт. Излагање на V5 во преднапрегната состојба предизвикува подобрување на еластични својства. Материјалот ја задржал затезната цврстина при прекин и значително се подобрил. Истиот ефект истотака се гледа кога ќе се изложи на FROSCH, само што интензитетот е понизок.